Папата Франциско предупредува за опасноста од вештачката интелигенција
Објавено на 10.08.2023 во Новости
Папата Франциско го кажа своето мислење за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција. Тој вели дека мора глобално да се размисли убаво за имплементацијата поради евентуалните „пореметени можности и амбивалентни ефекти“ на новата технологија.
„Итно мора концептот и употребата на вештачката интелигенција да се насочи на одговорен начин, со цел да биде полезна за човештвото и за заштита на нашиот заеднички дом, се бара проширување на етичкиот начин на размислување во областа на образованието и правото“, пишува во соопштението на Папата.
Франциско има 86 години и самиот веќе соопшти дека не знае да користи компјутер, кој изјавата ја даде на Светскиот ден на мирот на Католичката црква.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.