Virgin Galactic ги однесе првите туристи во вселената

Објавено на 11.08.2023 во Вселена



Virgin Galactic ги однесе првите туристи во вселената

Virgin Galactic е приватна компанија за вселенски туризам, која се уште го нема разработено својот бизнис. Вселенското летало „VSS Unity" за прв пат однесе туристи во вселената: 80-годишниот Британец Џон Гудвин, 46-годишната Киша Шахаф од карипската држава Антигва и Барбуда и нејзината 18-годишна ќерка Анастатија Мајерс. 

Сето тоа се одвивало на височина од 88 километри над Земјата. Вселенските туристи уживале во бестежинската состојба за кратко, а потоа се вратиле во космодромот во американската сојузна држава Ново Мексико, како што е прикажано со видео слики во живо.