Флексибилните телефони се повеќе се бараат, Samsung е доказ за тоа

Објавено на 11.08.2023 во Преклопни уреди



Флексибилните телефони се повеќе се бараат, Samsung е доказ за тоа

Претседателот на одделот за мобилни уреди во Samsung, Т.М. Роу, неодамна коментираше дека целта на Samsung е флексибилните смартфони да заземат 20% од нивниот пазар на предводници. За да се постигне тоа, мора да порасне побарувачката за Galaxy Z Flip 5 и Fold 5.

Преднарачките на тие два модела порасна за еден милион, и тоа само на пазарот на Јужна Кореја. Тоа се одлични бројки, иако за нивниот пораст не е толку голем се уште во споредба со Flip 4 и Fold 4. Се разбира, конкуренцијата се повеќе расте. Се уште останува непознат бројот на преднарачки на глобално ниво, но останува фактот што интересот за преклопните смартфони се зголемува.