Илон Маск го распродава Twitter, ова е шанса да се земе нешто за спомен

Објавено на 11.08.2023 во Новости



Илон Маск го распродава Twitter, ова е шанса да се земе нешто за спомен

Сите носталгичари што сакаат засекогаш да задржат дел од Twitter, сега имаат шанса за тоа. Илон Маск одлучи да испрати голем број на предмети со логото на Twitter на аукција. Од 584 предмети, има многу делови од канцелариски мебел, украсни големи кафези за птици, маслени слики со фотографии што беа вирални на Twitter, музички инструменти, апарати за кафе, фрижидери, машини за садови, па дури и натписи што се уште биле во зградата на седиштето на компанијата. 

Еден од интересните предмети е точно логото што се уште стои на зградата во Сан Франциско. Како што стои во описот: „птицата е се уште прицврстена на бочната страна на зградата“. Тој што ќе се одлучи да го купи тој знак, ќе мора да го обезбеди лиценцирана компанија и сите потребни дозволи за отстранување. Претходно беше продадена статуата со малата птица за 100 илјади долари.

Автор: Aleksandar Stankov