Официјално: Nokia 2 претставена со огромна 4100mAh батерија за 99еу

Објавено на 01.11.2017 во Новости



Официјално: Nokia 2 претставена со огромна 4100mAh батерија за 99еу

HMD конечно ја презентираше Nokia 2, ценовно прифатлив модел (99 евра) со стандардни спецификации. Nokia 2 располага со 5-инчен HD дисплеј, Qualcomm Snapdragon 212 процесор, кој не е од најмоќните, но за парите вреди. Понатаму, под хауба имаме 1GB RAM меморија, 8GB меморија за лични податоци, која може да се прошири со мемориска картичка.

Главната задна камера е со 8MP, предната со 5MP и батеријата со капацитет од 4100mAh, која трае цели два дена со интензивно користење. Оперативниот систем е Android 7.0 Nougat  и телефонот ќе биде достапен во 3 бои: Бакарно Црна, Калаисано Црна и Калаисано Бела.

Оперативниот систем на Nokia допрва се обработува со цел да може да се надгради со најновиот Oreo 8.0. Google Assistant ќе биде исто така достапен за Nokia 2, што е огромна предност. Nokia 2 ќе дојде со екстремно ниска цена од 99 евра. Што велите? Ние дигаме палец за овој скромен модел.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}