Забранета употреба на Apple уреди на работа во Русија

Објавено на 12.08.2023 во iOs



Забранета употреба на Apple уреди на работа во Русија

Руското министерство за дигитален развој забранило на своите вработени да употребуваат Apple iPhone и iPad за работа, известила во петок новинската агенција Interfax, повикувајќи се на министерот Максут Шадаев. Воведена е забрана за користење на Apple мобилни уреди, смартфони и таблети, за пристап на работни апликации и размена на деловни електронски пошти, изјави Шадаев.

Дозволено е да се користи iPhone само за лични потреби, вели Шадаев. Министерството издало забрана за два месеца после тврдењето на главната руска безбедносна служба на FSB, дека неколку илјадници Apple уреди се компромитирани како резултат на шпионската операција на САД. Apple ги отфрла обвинувањата.