Disney најави зголемување на цените на своите стриминг сервиси

Објавено на 12.08.2023 во Новости



Disney најави зголемување на цените на своите стриминг сервиси

Шефот на Disney, Боб Игер, најави 20% зголемување на цената на претплата на стриминг сервисите на Disney. Цените на месечните и годишните претплати во Европа се зголемуваат од 01 ноември, со стандардни и премиум планови на претплата со реклами. 

Од Disney велат дека новата стандардна претплата со реклами ќе се лансира во Велика Британија, Франција, Германија, Швајцарија, Италија, Шпанија, Норвешка, Шведска и Данска. Наместо досегашните 7,99 евра месечно или 79,90 евра годишно, од 01 ноември ќе чинат 9,99 евра или 99,90 евра, соодветно.