Google патент открива голема промена кај екраните на смартфоните во иднина

Објавено на 13.08.2023 во Новости



Google патент открива голема промена кај екраните на смартфоните во иднина

Досега беа претставени смартфони со предна камера сокриена под екранот, но квалитетот на таквите снимки не беа на задоволително ниво. Google сака да го подобри изгледот на предната страна на смартфонот, со тоа што патентирал технологија што опфаќа повеќе предни камери под екранот, без да се видливи со голо око.

Ако компанијата почне со реализација на таквите патенти, тоа значи дека идните модели на Pixel телефони ќе бидат со скриена камера, што би била една од предностите на мобилните уреди на Google во споредба со другите модели на Android и Apple телефоните.