Новиот iOS 17 носи големи промени во интерфејсот за повици

Објавено на 14.08.2023 во iOs



Новиот iOS 17 носи големи промени во интерфејсот за повици

Apple во новата верзија на оперативен систем за iPhone, ќе воведе многу важна промена, положба на иконките за прекин на повици. Досега корисниците на Apple телефоните можеа со затворени очи да го прекинат повикот со притисок на црвената иконка во средината на долниот дел на екранот.

Од септември таа иконка би можела да се премести во долниот десен агол. Се менува и изгледот на иконката, се менуваат и дополнителните опции како што се исклучување на звук, вклучување на тастатура, додавање на други во повикот, префрлање на FaceTime или влегување во контактите.