Nasa: Ingenuity полетува на Марс

Објавено на 23.08.2023 во Новости



Nasa:  Ingenuity  полетува на Марс

Хеликоптерот Ingenuity направи тест лет на Марс, а сето тоа го сними роверот Perseverance. Густината на атмосферата на Марс е само 1% во споредба со густината на атмосферата на Земјата, поради што е многу потешко леталото да го произведе истиот погон за лет. Сепак, експерименталниот хеликоптер Ingenuity на американската вселенска агенција НАСА е дизајниран да произведе доволно погон со помош на своите ротори во толку уникатни услови, а досега има направено над 50 летови, иако се очекувале до 5.

Роверот Perseverance неодамна го сними летот на хеликоптерот на Марс, кој беше објавен на почетокот на август. Откако Ingenuity доживеа аномалија поради која брзо слета, НАСА го направи овој тест за да се осигура дека навигацискиот систем и понатаму работи без проблеми, а рецултатот од тестот е позитивен.

На видеото се гледа како Ingenuity ги стартува своите ротори и полетува, а потоа лебди на висина од околу 5 метри над површината, а потоа слетува. Perseverance го сними овој лет на растојание од 55 метри.