Huawei и Ericsson потпишаа долгорочен договор за меѓусебно лиценцирање на патенти

Објавено на 28.08.2023 во Новости



Huawei и Ericsson потпишаа долгорочен договор за меѓусебно лиценцирање на патенти

Huawei и Ericsson потпишале долгорочен глобален договор за меѓусебно лиценцирање на патенти што ги покрива патентите важни за широк распон на стандардите како што се 3GPP, ITU, IEEE и IETF стандардите за 3G, 4G и 5G мобилна технологија. 

Договорот ја опфаќа меѓусебната продажба на мрежна инфраструктура и потрошувачки уреди, со тоа што двете страни имаат глобален пристап кон меѓусебните, патентирани стандардизирани технологии.