Конечно iPhone X: Усовршена Face ID технологија и TrueDepth камера

Објавено на 04.11.2017 во Новости



Конечно iPhone X: Усовршена Face ID технологија и TrueDepth камера

Вчера беше официјално пуштен во продажба iPhone X, телефонот за кого допрва ќе ги образложиме спецификациите со рецензија. Apple одлично ги презентира новитетите на новиот телефон на видеото одоздола. 

Face ID е она што сега „вади очи“, со тоа што новата технологија детално ви ја скенира цела глава, која може да ја вртите кон лево, десно, нагоре и надолу. Без разлика дали се наоѓате во мрачна просторија, или сте ја промениле вашата фризура или очилата, Face ID е до толку усовршен, што секогаш ќе ве препознае.

Отклучувањето на телефонот како процес се извршува многу брзо штом го ставите телефонот пред вас. На тој начин ќе забележите како катанецот се отклучува и веднаш почнувате да скролате низ апликациите. 

Нотификациите остануваат строго приватни се додека не ги погледнете. Како што може да погледнете на видеото, екранот на iPhone X е темен се додека не го свртите кон вас. Тогаш се осветлува екранот и веднаш се прикажуваат известувањата. 

Ако сакате безбедно да купувате со Apple Pay, треба да направите двојно притискање на страничното копче и поставете го телефонот пред вашето лице за автентификација на вашиот идентитет, во близина на терминалот за извршување на процесот на купување. Многу е едноставно. 

Освен сето тоа, Apple креирал одличен iOS интерфејс, при што скролањето за избор на апликации и со помош на 3D Touch опцијата е многу полесно сега. Siri може многу лесно да ја активирате со „Hey Siri“ или да притиснете со задржување на страничното копче во било кое време.

Тоа што е најважно кај iPhone X, е дека податоците за вашето лице се безбедни и исклучиво се меморираат на смартфонот. Односно, податоците за вашиот идентитет на лицето не се меморираат на ниту еден сервер или клауд сервис. 

Анимоџите се новитет што го имитира вашето зборување, кое дефинитивно го збогатува искуството преку забава со мајмун, маче или еднорог. Со анимоџите може да испратите порака на вашите пријатели - анимоџи со вашиот глас и вашата порака. Начинот на испраќање многу е интересен, кој може да го погледнете на видеото одозгора.

TrueDepth камерата детектира 50 мускули на вашето лице во реално време. Двете камери имаат Portrait Lighting, при што може да додавате студиски ефекти: со светло, со врамување на фотографија и слично. Голема предност овде е што може да ги обработувате сликите и после фотографирањето. 





 
Најнови телефони
 
  • Mi Pad 7.9
  • Mi 5
  • Redmi 3s
  • Redmi 3s Prime
  • Redmi 3x
  • Redmi Pro
  • Redmi Note 4 (MediaTek)
  • Mi 5s
  • Mi 5s Plus
  • Mi Note 2
 


{}