Лара Крофт се придружува во „армијата“ на Call of Duty

Објавено на 28.08.2023 во Игри



Лара Крофт се придружува во „армијата“ на Call of Duty

Ѕвездата од Tomb Raider, Лара Крофт, пристигнува во „Call of Duty: Warzone“ и „Call of Duty: Modern Warfare II“, придружувајќи се на Ники Минаж, Снуп Дог, Кевин Дурант, ликови од Prime Video шоуто „The Boys“ итн. Activision Blizzard не открива детали како играчите ќе може да ја добијат Лара. Се очекува дека ќе треба да се купи некој вид на пакет за пристап кон новиот лик. 

Најверојатно е дека ќе се продаваат предмети, кожи и оружје поврзани со Лара Крофт, а нејзините познати пиштоли исто така ќе бидат дел од првото купување. Се уште останува непозната датата кога Лара ќе стане официјално достапна за бирање во играта, која што пристигнува како надградба за четврта сезона.