Apple официјално го открива датумот кога ќе биде претставен iPhone 15

Објавено на 30.08.2023 во iOs



Apple официјално го открива датумот кога ќе биде претставен iPhone 15

Apple официјално открива дека новиот iPhone 15 ќе биде претставен на 12 септември 2023 година. И не само тоа, ќе бидат откриени и новите модели на Apple Watch: Apple Watch Series 9 и Apple Watch Ultra 2. Новите iOS 17, iPadOS 17 и WatchOS 10 или набрзо после настанот или во деновите непосредно потоа, исто така ќе бидат откриени. 

Се очекува да има и мала надградба на Apple AirPods Pro 2, со USB-C додаток на куќиштето за полнење. iPhone 15 семејството ќе биде достапно за нарачка официјално од 15 септември. Стандардните iPhone 15 и iPhone 15 Plus се очекува да доживеат големи генерациски промени, добиваат Dynamic Island, кој дебитираше кај iPhone 14 Pro серијата во 2022 година, ќе бидат со Apple A16 Bionic чипсет, кој исто така го има во сегашните Pro модели.