Binance откри дека е можно да се повлече официјално од Русија

Објавено на 30.08.2023 во Крипто



Binance откри дека е можно да се повлече официјално од Русија

Најголемата светска берза за криптовалути Binance го ревидира своето присуство и ги разгледува своите операции во Русија, со што би можела целосно да се повлече од оваа земја, објави Волстрит Журнал. 

„Ги разгледуваме сите можности, а една од нив е целосно повлекување од Русија“, анонимно изјавил претставник на крипто берзата Binance.

Инаку, Binance претходно на 26 август им забрани на Русите да тргуваат со која било валута освен рубљата преку услугата P2P (peer-to-peer, без посредништво на берза). Волстрит журнал објави дека Binance се уште ги поддржува картичките на санкционирани руски банки, Сбербанк и Тинкоф.