Илон Маск најави аудио и видео повици на социјалната мрежа X
Објавено на 01.09.2023 во Новости
Х социјалната мрежа, поранешна Twitter социјална мрежа, наскоро добива нова опција за извршување на аудио и видео повици на интернет.
„Функцијата ќе биде достапна за корисниците на смартфони со Android и iPhone, а ќе биде достапна и на компјутер. Платформата X ќе биде како голем телефонски именик“, објави сопственикот Илон Маск.
Француската новинска агенција AFP парафразира дека целта на Маск е X да се претвори во „се-во-едно“ апликација.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.