Instagram го проширува временскиот лимит на Reels видеата

Објавено на 01.09.2023 во Новости



Instagram го проширува временскиот лимит на Reels видеата

Instagram беше синоним за социјална мрежа со фотографии, но сега се проширува се повеќе со нови опции за видеа. Имено, Instagram го зголемува време-траењето на Reels форматот од 3 минути, на 10 минути. 

Ова му овозможува на Instagram да се натпреварува со Tiktok и YouTube, затоа што овие формати се покажаа како најпопуларни на тие платформи. Engadget порталот официјално објави дека добил потврда за оваа информација од Meta, која што е сопственик на Instagram. Новата функција е во фаза на тестирање.