X социјалната мрежа ќе собира биометриски податоци од корисниците

Објавено на 03.09.2023 во Новости



X социјалната мрежа ќе собира биометриски податоци од корисниците

X социјалната мрежа на Илон Маск порано беше позната под името Twitter, која постојано подлежи на промени додека да го постигне посакуваното ниво на посетеност и број на корисници. Следниот чекор е тоа што X мрежата ќе ги собира биометриските податоци од своите корисници, ниво на образование и работно искуство.

„Можеме да ги користиме информациите што ги собираме за да ги обучиме нашите модели за машинско учење или вештачка интелигенција за целите наведени во оваа политика“, велат од X. 

Веројатно сака да ги таргетира самите корисници што ќе се собираат, со цел да може да се применуваат рекламите соодветно. Сепак, не е сосема јасно што прецизно е целта на компанијата, надвор од автентикацијата и работењето на услугите.