Црниот круг што ретко се забележува на iPhone е многу полезен

Објавено на 04.09.2023 во iOs



Црниот круг што ретко се забележува на iPhone е многу полезен

И покрај тоа што може во секој момент да бидат информирани, ретко кој од iPhone и iPad корисниците знаат каква намена има задниот црн круг до сензорите за камерата. Ова прашање беше поставено на Reddit и ретко кој го знаел одговорот. 

Само iPhone Pro верзиите го имаат кругот и неколку iPad Pro модели. Црната точка е LiDAR (Light Detection and Ranging) скенерот, т.е. сензор за длабочина што применува ласер со цел да определи се оддалечени предметите од камерата.

Тој насочува пулсирачки ласер кон предметот и така мери колку време е потребно за да се врати светлината. Така iPhone и iPad градат 3D модел на светот пред него. LiDAR технологијата се применува за откривање на изгубени градови во шумата на Амазон, со таканаречено „дигитално чистење“ на врвовите на дрвјата и наоѓање урнатини под нив.