Конечно откриена датата на лансирање на новата Samsung S серија

Објавено на 03.01.2024 во Новости



Конечно откриена датата на лансирање на новата Samsung S серија

Годината започнува со иновации! 

Samsung денес официјално ја објави датата на лансирање на новата S серија. Најавата ќе се случи на дата 17.01.2024. По традицијата на компанијата, секоја година лансирањето се случува на различна локација, последната најава се случи на домашен терен во Сеул, Јужна Кореа а за следниот настан локацијата е Сан Хозе, Калифорнија. Фановите на Samsung од целиот секако ќе имаат прилика да ги следат случувањата со програмата во живо онлајн. 

 

Во видеото кое го објавија, носталгично се навратија назад низ годините од 1988год па се до 2020год за да се покажат иновациите на технологијата и што значеле за корисниците низ времето, секако за да наговестат дека 2024год е годината кога ќе ја покажат следната голема иновација и ќе го сменат правецот на користење на мобилен телефон со вештачка интелегенција наречена Galaxy AI

“Спремете се за нова ера на мобилни телефони“

Видеото можете да го гледате на линкот: https://www.youtube.com/watch?v=lKoG2_zdoSA

Автор: Aleksandar Stankov