Ballie робот асистент на Samsung претставен на CES 2024

Објавено на 15.01.2024 во Новости



Ballie робот асистент на Samsung претставен на CES 2024

Големи надградби на Ballie, роботот со вештачка интелигенција, кој првпат беше претставен на саемот CES 2020. Ballie еволуираше во Ваш придружник со вештачка интелигенција способен да комуницира со други паметни уреди за да обезбеди приспособени услуги, како што е извршување на досадни задачи или проектирање слики и видео записи на ѕидовите, така што корисниците можат да ги гледаат информациите кои се значајни за нивниот секојдневен живот, како што се временската прогноза или друга релевантна содржина, каде и да се наоѓаат.

Ballie го задржа истиот изглед и движење како и оригиналната верзија, симпатичен, мал кружен робот кој се тркала. Демо приказот на Samsung и видеото за најава покажаа жолто Ballie, но прикажаната верзија на настанот била во бела боја.

Samsung изјави дека „напредната вештачка интелигенција“ на роботот му овозможува да Ви помага низ Вашиот дом и да ги заврши задачите како што се да ве поздравува пред вратата и да Ве следи низ куќата.

Додека се тркала низ куќата, Ballie може да ги контролира сите Ваши IoT уреди и всушност може да помогне да бидете сигурни дека сè работи непречено, управувајќи со температурата, светлата, контролирајќи ги машините за перење и многу повеќе.

Голема надградба од првичниот модел е тоа што Ballie функционира како проектор со можност за префрлување две-во-едно. Проекторот може да прикаже сè кога ќе биде побарано, вклучувајќи видеа со рецепти, поглед од внатрешноста на Вашата рерна или фрижидер, Вашиот календар, видео повик или дури и рутина за вежбање.

Бидејќи проекторот Ballie може автоматски да го детектира држењето на телото и аголот на лицето за да го прилагоди аголот на проекцијата, прв од ваков вид според Samsung, Ballie исто така може да проектира видео за вежбање на таванот додека лицето лежи на подот за да направи неколку истегнувања.

Онлајн видеото што Samsung го објави за Ballie го прикажа како чивар за миленичиња, каде што испраќа видео од кучето на својот сопственик, а потоа го забавува кучето со проектирање видео, па дури и ја уклучува хранилката за куче да пушти храна.

Според тоа, Ballie може да замени неколку паметни уреди од опремата за Вашиот дом, вклучувајќи проектор, центар за паметни домови, робот за кучиња, камери за следење дома и повеќе, сето тоа во еден робот со големина на кошаркарска топка.

Автор: Aleksandar Stankov