Пристигна новата Xiaomi Redmi Note 13 линија

Објавено на 23.01.2024 во Новости



Пристигна новата Xiaomi Redmi Note 13 линија

Xiaomi денес ја претстави серијата Redmi Note 13. Оваа возбудлива нова серија содржи пет уреди кои дополнително го унапредуваат популарниот спектар на Redmi Note: Redmi Note 13 Pro+ 5G, Redmi Note 13 Pro 5G, Redmi Note 13 Pro, Redmi Note 13 5G и Redmi Note 13.

Направете ја секоја слика легендарна со серијата на Redmi Note 13 со надградена камера

Дизајниран да ги задоволи различните потреби за фотографирање, серијата Redmi Note 13 може да се пофали со надградена камера со разновидни способности. Сите професионi модели, Redmi Note 13 Pro+ 5G, Redmi Note 13 Pro 5G и Redmi Note 13 Pro, имаат камера со ултра висока резолуција од 200 MP со оптичка стабилизација на сликата (OIS) за снимање на фотографии со невидено ниво на детали што резултира со извонредно фотографско искуство за корисниците. Освен тоа, зумирањето без губење на квалитет 2x/4x нуди детални слики одблиску од далечина и дава можност за фокусирање на поединци во толпа или зумирање на конкретно дејство.

Во меѓувреме, основните модели, Redmi Note 13 5G и Redmi Note 13, се опремени со главна камера од 108MP со 3x зум без губење на квалитет кои даваат неверојатни слики со поситни детали. И двата паметни телефони се опремени со широк избор на филтри за филмска камера за корисниците кои им овозможуваат да ги приспособат своите фотографии.

Одлична јасност, AMOLED дисплеј и стапка на освежување до 120 Hz

Redmi Note 13 серијата се одликува со трендовски, елегантен дизајн со ултра тенки рамки за врвен изглед и чувство, како и висококвалитетен екран за подобрено корисничко искуство и извонредно гледање. Redmi Note 13 Pro+ 5G и Redmi Note 13 Pro 5G нудат кристално чисто гледање со 1,5K AMOLЕD екран и максимална осветленост од 1800 нита. Во меѓувреме, Redmi Note 13 Pro, Redmi Note 13 5G и Redmi Note 13 имаат екстра јасен FHD+ AMOLED дисплеј. Секој Redmi Note 13 има обезбедено беспрекорно лесно скролање без задоцнување, благодарение на зачестеноста на освежување AdaptiveSync од 120Hz, што ги прави сите искуства на гледање поедноставни, појасни и попријатни. За дополнителна сигурност при продолжено гледање, уредите од серијата Redmi Note 13 имаат сертификати TÜV Rheinland Low Blue Light, Flicker Free и Circadian Friendly, и вклучуваат различни функции за заштита на очите, како што е режимот за читање. Другите надградби го вклучуваат првото додавање во серијата на вграден сензор за отпечатоци на екранот.

Исклучителна издржливост која ќе ве успокои

Со надградбите во инженерството и дизајнот, серијата Redmi Note 13 нуди издржливост и цврстина за дополнителна сигурност во отежнати услови. Ова започнува од екранот, кој го воведува Corning®Gorilla® Glass Victus® на Redmi Note 13 Pro+ 5G и Redmi Note 13 Pro 5G — уште еден првенец во серијата — за дополнителна отпорност на случајни падови и гребаници. Екранот исто така е дополнително оптимизиран во рамките на целата серијата за да овозможи да реагира и да биде прецизен на допир, дури и на дожд. Со надградена структура комбинирана со IP68 сертификат за отпорност на прашина и вода , Redmi Note 13 Pro+ 5G ја обезбедува својата позиција како врвен модел од серијата, додека другите модели исто така се подигнати на повисоко ниво и нудат IP54 отпорност на прашина и прскање.

Моќни легендарни моменти со напредни процесори за надградени перформанси

Серијата Redmi Note 13 со високи перформанси ги има некои од најмоќните процесори достапни во светот, заедно со долготрајните батерии, што им овозможува на корисниците да уживаат во нивните уреди цел ден. Сите модели доаѓаат со полнач во кутијата, за дополнителна удобност. За врвни перформанси, за првпат е воведен процесор од 4 nm кај паметните телефони Redmi Note. Водечкиот модел во серијата, Redmi Note 13 Pro+ 5G, е опремен со MediaTek Dimensity 7200-Ultra чипсет, огромна батерија од 5.000 mAh5 што се напојува секој зафатен ден и нуди напојување од 120W HyperCharge кое е водечко во индустријата, со што Вашиот Redmi Note се полни до 100% за само 19 минути6 . Во меѓувреме, Redmi Note 13 Pro 5G е опремен со батерија со најголем капацитет во серијата од 5.100 mAh5 и се напојува од мобилната платформа Snapdragon® 7s Gen 2, додека Redmi Note 13 Pro е опремен со MediaTek Helio G99-Ultra чипсет и батерија од 5.000 mAh5. И двете нудат турбо полнење од 67 W, за што се потребни 45 минути за полнење до 100% . Основните модели се опремени и со перформанси кои импресионираат со долготрајната батерија од 5.000 mAh5 и моќните чипсетови.

 

Автор: Aleksandar Stankov