Samsung настан за локално објавување на S24 серијата

Објавено на 02.02.2024 во Новости



Samsung настан за локално објавување на S24 серијата

S24 серијата веднаш по лансирањето направи бум со новостите кои ги донесе на пазарот, корисниците на светско ниво беа нестрпливи да ги испорбаат сите нови карактеристики. 

По светското лансирање на S24 серијата на 17.01.2024год и промоцијата за преднарачка на уредите на истата, Samsung Северна Македонија одлучи да направи и локален настан за да ги сподели новостите кои ги носи оваа серија и тоа токму пред почетокот на официјалната продажба. 

Во Скопје Samsung Макодинија органзираше настан, на кој со нас споделија инфомации за Galaxy Ai како и возбудливи зони за испорбување на новите карактеристики како Circle to Search, Game Zone и Photo Zone. 

Настанот беше оддржан во „Ботаника“ Урбана Кафана во Скопје, водители на настанот беа познатите локални глумци Тино и Атанас, додека главните информации со нас ги споделија Лидерот за продажна и Продукт Тренерот на Samsung Северна Македонија.

Прикажана беше презентација на која имавме можност да дознаеме повеќе за Live Translate опциите како и одличните и фасцинантни опции за едитирање на слики преку Intelegent Galery, кои имавме прилика и да ги испробаме. Секако главен акцен беше ставен на опцијата за 7 години ажурирање на софтвер и безбедност.

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за Ѕ24 серијата, прочитајте ја нашата објава

 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: