Се што треба да знаете за новиот Galaxy Fit3

Објавено на 24.02.2024 во Новости



Се што треба да знаете за новиот Galaxy Fit3

Доколку сакате да го следите Вашето здравје, секојдневни активности, како и напредокот во теретана. Го имаме вистинскиот уред за Вас. 

Samsung Galaxy Fit3 беше официјално лансиран на 23.02.2024 и е веќе достапен на наш пазар. Ние ги споделуваме информациите за сите корисници кои се заинтересирани за овој фитнес тракер по пристапна цена. 

Galaxy Fit3, најновиот додаток на линија за фитнес тракери. Со алуминиумско куќиште и дисплеј од 1,6 инчи, Galaxy Fit3 може да се пофали со 45% поширок екран во споредба со неговиот претходник, Galaxy Fit 2. Сега, фитнес-тракерот повеќе личи на паметен часовник, што Ви овозможува лесно да имате детален увиди на еден поглед. Фитнес-тракерот е достапен во три опции на бои: темно сива, сребрена и розово златна.

Можете да го персонализирате Вашиот тракер и да го подобрите неговиот стил со избирање од над 100 претходно поставени позадини на часовникот или поставување на сопствени фотографии како позадина. Дополнително, можете лесно да ги комбинирате и усогласите ременчињата за да одговараат на Вашите модни преференции и секојдневни активности со само кликнување на едно копче.

Најдобрата вест е дека батеријата на Galaxy Fit 3 може да издржи до 13 дена со едно полнење. Припремен со повеќе функции, тракерот помага во следењето на здравјето и активноста, нудејќи следење на спиењето, откривање на 'рчење (кога е поврзан со телефон Samsung), следење Spo2, следење на нивото на стрес, следење на отчукувањата на срцето и многу повеќе. Дополнително, поддржува над 100 различни опции и тренинзи за вежбање.

Откривање пад и итен СОС: Проверете!

Како новост за моделите за фитнес тракери, Samsung воведе безбедносни карактеристики на Galaxy Fit 3, вклучувајќи откривање на пад и SOS за итни случаи. Ако се открие абнормален пад, Galaxy Fit 3 Ви овозможува веднаш да повикате брза помош за медицинска поддршка. Во случај да Ви треба помош, можете да активирате и SOS со пет пати притискање на страничното копче.

Galaxy Fit 3 е оценет со 5ATM и IP68, што значи дека е заштитен од прашина и вода. Сепак, не е погоден за нуркање или активности на вода под висок притисок. Со рејтинг IP68, може да издржи свежа вода до максимум 1,5 метри до 30 минути, но не се препорачува за употреба на плажа, солена вода или базен.

Со Galaxy Fit 3, можете да уживате во подобрена поврзаност во екосистемот Samsung Galaxy. Покрај тоа што е далечински управувач за камерата на Вашиот паметен телефон, овозможувајќи фотографирање и поставување тајмери со далечинскиот управувач на камерата, уредот исто така служи како контролер за репродукција и управување со медиуми на поврзаните уреди.

За да обезбедите беспрекорно искуство, можете и автоматски да ги синхронизирате режимите помеѓу Galaxy Fit 3 и спарениот паметен телефон кога не сакате да Ве вознемируваат. Дополнително, ако Вашиот паметен телефон не Ви е на видик, можете лесно да го лоцирате користејќи ја функцијата Find My Phone на Galaxy Fit 3. Се разбира, таа работи и обратно.





Прочитајте повеќе: