Феноменална понуда на која нема да и одолеете!

Објавено на 14.03.2024 во Новости



Феноменална понуда на која нема да и одолеете!

Samsung Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G:

Прекрасни иновации и безбедност дизајнирани за секого. На 11.03.2024 официјално беа објавени новите модели на А серијата. 

Од денес 14.3. до 20.3.2024 г. имате можност да купите еден од овие два модели и како подарок добивате одлични слушалки Galaxy Buds FE во графитна боја. 

Доколку имате потреба од уред кој ќе го користите за продуктивност и изразување на креативност и тоа по пристапна цена, задоволство ни е да Ве запознаеме со уредите Galaxy A55 и А35.  Со дисплеј од 6,6инчи - Super AMOLED технологија, кој покажува неверојатна јасност во Full High Definition. 

Со подобрени фукции за ноќно фотографирање, режимот Night Portrait и 12-битното HDR видео овозможуваат луѓето на секоја слика да изгледаат одлично, така што за снимање спомени со пријателите и семејството веќе нема да е потребно совршено осветлување. 

Оваа година, Samsung за првпат ја носи една од своите најиновативни водечки безбедносни функции, Samsung Knox Трезор на корисниците на серијата Galaxy A, вклучително и на новите Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G. Безбедносното хардверско решение отпорно на неовластени промени, Samsung Knox Трезор, нуди сеопфатна заштита и од хардверски и од софтверски напади преку креирање на безбедна средина за извршување, која е физички изолирана од главниот процесор и меморијата на системот. Само корисник кој ги има точните акредитации за заклучување на екранот може да пристапи до своите податоци, дури и ако уредот е изгубен или украден.

Новите паметни телефони од серијата Galaxy A ја демонстрираат посветеноста на Samsung уредите на Galaxy да останат безбедни и ажурирани подолго време. Со Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G, корисниците и понатаму ќе имаат придобивки од четири генерации на Android OS и One UI надградби и пет години безбедносни ажурирања (уредите доаѓаат со Android14 како почетен софтвер), оптимизирајќи го животниот циклус на уредите со тоа што ќе бидат опремени со сите најнови Galaxy и Android функции.

Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G се целосно компатибилни со екосистемот Galaxy, овозможувајќи им на корисниците непречено и интегрирано искуство со низа Galaxy уреди. Корисниците можат да ги следат своите фитнес цели со поврзување на Galaxy Fit3 или часовникот Galaxy Watch6 на нивниот паметен телефон од серијата Galaxy A. Благодарение на Auto Switch, дојдовните повици автоматски ќе се префрлаат на поврзаните слушалки Galaxy Buds FE за поголема удобност.

A Вие не ја пропуштајте моменталната понуда и искористете ја приликата да добиете подарок со купување на новиот телефон!

Повеќе информации за понудата дознајте на линкот