Дознајте за новите Samsung телефони од Galaxy А серијата

Објавено на 18.03.2024 во Новости



Дознајте за новите Samsung телефони од Galaxy А серијата

Новата Samsung Galaxy А серија на паметни телефони донесува не само одлични
перформански и подобрени функции кај своите нови уреди Galaxy A55 5G и Galaxy A35
5G, туку и ја поставува заштитата на вашите податоци на уште повисоко ниво со
сеопфатна заштита од харверски и софтверски напади. Порај тоа, фантастичните
можности за забава и креативност само ќе ви го потврдат напредното мобилно искуство
кое овие уреди го овозможуваат. ГледаЈте ги своите омилени содржини или да скролате
по социјалните мрежи преку Super AMOLED екранот, кој покажува неверојатна јасност во
Full High Definition, зајакнат истовремено од функцијата Vision Booster која обезбедува
чисто и светло гледање без разлика на надоврешната осветленост.

Вашите визуелни содржини како фотографиите или видеата кои ќе ги креирате, не само
што ќе ги исполнат вашите очекувања имајќи го предвид веќе добропознатиот систем на
камери Galaxy, туку кај Galaxy A55 5G ја имате функцијата Nightography уште подобрена,
за уште појасни слики при неповолни услови на осветлување. Напредната обработка на
сигнал на слика (ISP) со вештачка интелигенција на Galaxy A55 5G ќе создаде неверојатни
слики при слаба осветленост какви што досега не биле видени во серијата Galaxy A, а
режимот Night Portrait и 12-битното HDR видео ќе овозможат секој кого ќе сликате,
вклучително и селфи фотките, на секоја слика да изгледаат одлично. Камерите на
Samsung Galaxy паметните телефони се одамна познати по неверојатните можности за
фотографирање, па така и обата уреди Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G ги вклучуваат
функциите на оптичка стабилизација на сликата (OIS) и дигитална стабилизација на
видео записот (VDIS), со кои вашите фотки и видеа ќе бидат јасни дури и кога снимате во
движење.

Покрај стандардната безбедност со добро познатиот Samsung Knox – повеќеслојната
безбедносна платформа на Galaxy, Samsung за првпат воведува една од своите
најиновативни водечки безбедносни функции, Samsung Knox Трезор (Knox Vault) како
безбедносното хардверско решение отпорно на неовластени промени кое нуди сеопфатна
заштита и од хардверски и од софтверски напади преку креирање на безбедна средина за
извршување, физички изолирана од главниот процесор и меморијата на системот. Овој
тип на заштита може да ви помогне за најважните податоци на уредот, вклучувајќи ги и
акредитациите за заклучен екран, како што се PIN-кодовите, лозинките и шемите.
Samsung Knox Трезор, исто така, ги штити клучевите за шифрирање на уредот,
шифрирајќи ги приватните податоци на корисниците складирани во уредот. Само оној кој
ги има точните акредитации за заклучување на екранот може да пристапи до своите
податоци, дури и ако уредот е изгубен или украден. Но, тука не застанува безбедноста,
туку Samsung оди и понатака и нуди автоматски блокатор (Auto Blocker), пакет со
дополнителни безбедносни мерки, кој може да блокира инсталации на апликации од
неовластени извори, да обезбеди безбедносни проверки на апликациите за да скенира
потенцијален малициозен софтвер и да блокира потенцијално малициозни команди и
софтверски инсталации на вашиот уред.

Дочекајте ја пролетта подготвени со Galaxy A55 5G или Galaxy A35 5G и зачувајте ги
важните моменти во неверојатни и живописни слики и видео записи. А кога сме кај
пролетта, периодот во годината кога сé се размрдува и сите сме пораздвижени и
поактивни, одлична можност да ја следите својата активност, а со тоа и вашето здраје, е
нараквицата Galaxy Fit3 која доколку ја поврзете со вашиот Galaxy A55 5G или Galaxy A35
5G, не само што ќе биде ваш фитнес трекер, туку и ова вашиот зглоб ќе можете правите
фотографии, да одговарате на повици, да пишувате пораки, да пуштате музика итн.
Бидете сигурни дека Galaxy Fit3 ќе ви го даде оној дополнителен поттик кој ви е потребен
да ја зголемите вашата физичка активност, а со тоа и да го подобрите вашето психо-
физичко здравје.

Фантастичен подарок Vи следува со преднарачка!
Искористете го периодот за преднарачка на Galaxy A55 5G или Galaxy A35 5G кој трае од
14.03.2024 до 20.03.2024, и како подарок добијте нови бежични слушалки Galaxy Buds FE.