За првпат во Македонија, Netflix преку А1

Објавено на 22.03.2024 во Новости



За првпат во Македонија, Netflix преку А1

12 месеци подарок со А1 Combo


Скопје, 22.03.2024г. –За првпат во Македонија, Netflix може да се активира преку А1. Со
стратешкото партнерство на двата премум бренда, омилените серии и филмови на
супериорен оптички интернет сега се достапни до корисниците на А1 Македонија.
По тој повод, како дел од специјалната понуда, А1 Македонија го подарува Netflix Basic дo
12 месеци на сите корисници ќе склучат нов договор или ќе го обноват својот A1 Combo
договор.

Лансирањето на новата услуга го најавија на атрактивен настан во присуство на нивните еминентни гости од бизнис заедницата, од медиумите и влијателни личности на социјалните мрежи.

Од овој момент и официјално, понудата на А1 добива нова димензија и во таа насока ми претставува големо задоволство, за прв пат на македонскиот пазар, да го најавам новото стратешко партнерство на два премиум бренда - А1 со водечката светска стриминг платформа Netflix, изјави Методија Мирчев, Извршен директор во А1 Македонија.  

Сите Netflix корисници може да ги гледаат содржините на смарт телевизори, мобилни
телефони, таблет, стриминг уреди или конзоли за гејминг кои се поврзуваат со Интернет и
нудат Netflix апликација или преку netflix.com. Оваа стриминг платформа нуди голем број
на серии и филмови за сечиј вкус, меѓу кои и најгледаните фаворити Stranger Things, Rebel
Moon, The Witcher, Leo, Black Mirror или Leave the World Behind.

Подетално, корисниците кои ќе склучат нов или ќе го обноват својот A1 Combo договор со
вклучена интернет тарифа А1 Net L и минимум една мобилна линија, добиваат подарок 12
месеци Netflix Basic, додека за A1 Combo M пакет со вклучена A1 Net M тарифа и барем
една мобилна линија, корисниците добиваат подарок 6 месеци Netflix Basic. По овој
период, корисниците можат да продолжат да користат Netflix преку А1, а регуларната
претплата за Netflix планот ќе биде додадена во месечната сметка за А1 Combo.

Покрај оваа A1 Combo понуда, услугата Netflix преку А1 можат да ја активираат сите
постпејд и фиксни корисници на А1. Netflix Premium планот е достапен за 615 денари
месечно, Netflix Standard за 492 денари месечно, додека Netflix Basic планот е достапен со
цена од 307 денари месечно.

Корисниците на А1 можат да активираат Netflix и да управуваат со услугата, преку
апликацијата Мојот А1. Оние кои веќе имаат корисничка сметка на Netflix, можат да ја
префрлат преку А1 без да креираат нова.

Со збогатувањето на продуктното портфолио со содржините на светски познатата стриминг
платформа, А1 Македонија ја докажува својата посветеност во креирање понуди за
супериорно корисничко искуство и ја потврдува својата позиција на пазарот како
компанија која носи иновативни дигитални решенија кои нудат уште повеќе вредност за
сите.