Huawei ќе направи револуција со интелигентни телефони

Објавено на 14.11.2017 во Новости



Huawei ќе направи револуција со интелигентни телефони

Во Huawei се убедени дека во иднина вештачката интелигенција ќе донесе радикални промени, рече неодамна Феликс Занг. Од компанијата велат дека револуционерниот развој на смартфоните би можел да се спореди со развојот на парните машини во минатото, кои го променија начинот на живот на луѓето во 19 век.

Занг објаснува дека искуството со смартфоните ќе се промени во две клучни работи: целосно нов начин на интеракција меѓу луѓето и машините преку „отворена персонализираност“. Со подобрената интеракција се подобрува и ефикасноста помеѓу корисниците и телфоните во секој аспект: глас, слика, видео и сензори, додека персонализацијата, односно прилагоденоста на сервисот и собирањето на информациите ќе бидат важни за корисниците за сите апликации, содржини и други опции.

Вештачката интелигенција целосно ќе ги промени телефоните, кои од паметни, ќе станат интелигентни телефони. Huawei веќе се спрема за оваа револуција, а доказ за тоа е новиот Kirin 970 процесор со вградена вештачка интелигенција. Првите смартфони со новиот Kirin ќе бидат Mate 10 и Mate 10 Pro





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}