Шон Паркер за Facebook: Мрежата влијае штетно на човечката психа

Објавено на 14.11.2017 во Новости



Шон Паркер за Facebook: Мрежата влијае штетно на човечката психа

Шон Паркер, еден од основачите на Facebook деновиве е хит на интернет со неговата изјава дека не сме свесни колку социјалната мрежа се проширила во нашите животи. Тој вели дека уште кога се создаде Facebook направил нешто што ја злоупотребува човечката психологија.

„Кога Facebook земаше замав, луѓето ми кажуваа `Не сум на социјалните мрежи`. А јас им кажував: `Не се секирај, ќе бидеш!`, а тие ми одговараа `Не, не. Премногу ги ценам интеракциите со реалниот свет. Го ценам моментот. Го ценам присуството. Ја ценам интимата`. А јас ќе им речев `Кога-тогаш, ќе те фатиме`“, изјави Паркер. 

Во тогашно време Паркер бил претседател на Facebook. Тој признава дека тогаш не ги сфаќал сериозните лоши последици што би можеле да произлезат од овој бизнис. Главната цел на Facebook за да ви го одвлече вниманието било воведувањето на копчето Like. Што мислите вие за Facebook?





 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}