Со пари на Бил Гејтс се гради утопистички технолошки град

Објавено на 14.11.2017 во Новости



Со пари на Бил Гејтс се гради утопистички технолошки град

Со средства од инвестицискиот фонд на Бил Гејтс ќе се гради утопистички град со најсовремените технологии кои ќе бидат сконцетрирани на едно место. Планирани се 80 милиони долари кои ќе се инвестираат во smart градот лоциран до Феникс во сојузната американска држава Аризона.

Паметниот град Белмонт ќе биде дизајниран со автономни возила, со голема брзина дигитални мрежи, центри за податоци, нови производствени технологии и автономни логистички центри, соопштува CNN Money.

Belmont Partners, со седиште во Аризона инвестициска група за недвижности, која раководи со проектот, соопшти дека новото паметно гратче ќе биде со слична големина со најблискиот Тампа, Аризона, со население од 182 000 луѓе.

"Изградбата на инфраструктура од иднината од нула е далеку полесно и поекономично од модернизацијата на постоечка градска мрежа", рече во изјавата портпаролот на компанијата Грејди Гамаж.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}