Apple ги набилда залихите со iPhone X, помалку ќе се чека

Објавено на 16.11.2017 во Новости



Apple ги набилда залихите со iPhone X, помалку ќе се чека

Apple успеал да добие нова пратка на произведени iPhone X смартфони и да ги пополни залихите за до крајот на годинава со цел да одговори на побарувачката која особено ќе дојде до израз за време на празничната сезона.

Со новите залихи на iPhone X времето на чекање доколку извршите онлајн нарачка преку веб сајтот на Apple ќе изнесува две до три недели што не е идеално, но е прифатливо за еден смартфон кој носи најголеми иновации во последните неколку години. 

Ова ќе му овозможи на Apple и да го понуди iPhone X на повеќе пазари низ светот, вклучувајќи ја и Македонија, па очекуваме кон средината на декември да биде дел и од понудата на операторите како и синџирите за продажба на електроника во поголема количина.





 
Најнови телефони
 
  • V30S ThinQ
  • K10 (2018)
  • K8 (2018)
  • Xperia XZ2 Premium
  • Xperia XZ2
  • Xperia XZ2 Compact
  • iPad 9.7 (2018)
  • Galaxy J7 Duo
  • Galaxy J7 Prime 2
  • Galaxy S9+
 


{}