Се уште има милијарда мобилни уреди со стар Android

Објавено на 17.11.2017 во Android



Се уште има милијарда мобилни уреди со стар Android

Google има проблем со инсталирањето на новите софтвери, што значи дека се уште постојат огромен број на корисници што користат стари Android оперативни системи. Уште поголем проблем е што користењето на старите софтвери е се поголемо.

Врз основа на детални податоци за Google од 2010 година до денес, во 2014 година уделот со застарени Android верзии многу се зголемил. Пред 3 години вкупниот број на активни месечни корисници на Android надмина милијарда, додека од мај 2017 година, бројката е поголема од две милијарди. Освен зголемувањето на вкупниот број на уреди, се зголемил и бројот на телефони и таблети со инсталирана застарена верзија на овој оперативен систем. 

Голем број на луѓе користат стари 3-4 години со послаб хардвер, кои не можат да го надградат оперативниот систем со нова верзија. Токму поради таквите телефони, на списокот со стари Android уреди ги има и софтверите објавени уште од 2010 година како што е Gingerbread и од 2011 година - Ice Cream Sandwich.





 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)
 


{}