Видео: Sonic Forces: Speed Battles - Нова заразна игра за смартфон

Објавено на 17.11.2017 во Игри



Видео: Sonic Forces: Speed Battles - Нова заразна игра за смартфон

Најпознатото еже на планетата Sonic сега со молневита брзина ќе трча и по екраните на мобилните телефони со Android и iOs оперативен систем, откако SEGA дозволи изработка на специјалната игра Sonic Forces: Speed Battles која ветува многу забава.

Sonic Forces: Speed Battles има одлична и богата графика, фантастична визуелна презентација и многу интересен гејмплеј кој е во склад со модерните мобилни игри како Temple Run, но со неколку елементи од постарите конзоли на SEGA.

Со Sonic Forces: Speed Battles ќе може да се натпреварувате и со играчи од целиот свет, но ќе треба да внимавате и да ги усовршите своите вештини бидејќи добар дел од напредокот се врши преку трансакции со предмети од внатрешната трговија на играта што може да биде скапо по вашиот џеб.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}