Facebook би можел да спасува животи со вештачка интелигенција

Објавено на 29.11.2017 во Новости



Facebook би можел да спасува животи со вештачка интелигенција

Facebook во иднина ќе користи и вештачка интелигенција со цел да открие дали некој од корисниците на социјалните мрежи планира да изврши самоубиство. Facebook и досега имаше механизми за одбележување на објавите на корисниците што размислуваат да си наштетат себеси, но новата алатка ќе ги детектира таквите објави уште пред некој друг да ги пријави.

Системот ќе ги скенира објавите и видеата што се емитуваат во живо на Facebook преку техника за „препознавање на образец“, а коментарите на пријателот како што е „дали си добар?“ би можеле да укажат на евентуално постење на суицидни мисли. Facebook веќе го тестира новиот систем во САД и постепено го воведува на сите места во светот. 

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}