Енди Рубин го напуштил Google поради секс скандал

Објавено на 29.11.2017 во Новости



Енди Рубин го напуштил Google поради секс скандал

Енди Рубин, основачот на Android кој ја продаде компанијата на Google, од технолошкиот гигант се повлекол поради скандал со сексуално вознемирување на колешки за што била покрената и внатрешна истрага во одделот за човечки ресурси.

Тој според наводите имал несоодветна врска со вработена која била под неговиот ранг со што била ставена во подредена и неповолна положба. По протекувањето на овие информации Енди Рубин си поднесе оставка и од челната позиција на новата компанија Essential Product која неодамна ја формираше за лансирање на нови смартфони.

Портпаролот на Рубин кратко за јавноста соопшти дека било која врска која Рубин ја имал во компанијата Google била согласна со двете страни, а напуштањето на Essential е од негови лични причини.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}