Вип со одлична Новогодишна понуда - 10 GB интернет и евтини смартфони

Објавено на 04.12.2017 во Новости



Вип со одлична Новогодишна понуда - 10 GB интернет и евтини смартфони

Телекомуникацискиот оператор Вип ја најави Новогодишната понуда која во пресрет на празниците на новите корисници како и на тие кои ќе ги обноват договорите ќе им овозможи 10 GB мобилен интернет засекогаш, како и неограничени телефонски разговори и СМС пораки во сите мрежи во пост-пејд тарифата Vip Mobile L.

Корисниците на располагање ќе имаат и избор на атрактивни смартфони по пониски цени, на пример Galaxy J3 2017 ќе може да се земе за 239 денари месечна рата или пак Moto C 4G за само 1 денар.

Вип има изненадување и за корисниците на Vip Combo услугите со тоа што ќе може да добијат празнични подароци, а тие што ќе склучат нов  Vip Combo договор ќе може да купат smart телевизор за 499 денари месечно.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}