Galaxy J2 Pro е новиот ценовно прифатлив модел на SAMSUNG

Објавено на 05.12.2017 во Новости



Galaxy J2 Pro е новиот ценовно прифатлив модел на SAMSUNG

Samsung има прилично добар избор на смартфони за сечиј вкус и сечиј џеб, при што сега ќе лансира и нова евтина класа на телефони. Galaxy J2 Pro (2018) е новиот телефон што компанијата ќе го лансира идната година со големина од 143.1 x 72.2 x 8.6мм.

Веќе располагаме и со слики од Samsung Galaxy J2 Pro (2018), кој ќе биде со 5 инчен дисплеј и резолуција од 720 x 1280 пиксели. Се разбира, дизајнот е одличен, без разлика на тоа што е изработен од чиста пластика. J2 (2018) под хауба ќе има Snapdragon 430 процесор, 1.5GB RAM (или 2GB) меморија, за цена од 150 долари.

Најверојатно телефонот ќе биде со најновиот Android 8.0 Oreo оперативен систем и ќе биде претставен на почетокот на 2018 година.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}