Android 8.1 Oreo и Go Edition: Повисоко ниво со иновации и безбедност

Објавено на 06.12.2017 во Новости



Android 8.1 Oreo и Go Edition: Повисоко ниво со иновации и безбедност

Google објави дека се спремни двата нови оперативни системи: Android 8.1 Oreo и Android Oreo (Go Edition). Проблемот со најновиот Android оперативен систем беше тоа што беше инсталиран само на 0,3% од смартфоните, најмногу на Google Pixel

Сигурно е дека слабиот тренд ќе продолжи и со Android Oreo 8.1 верзијата, која прво пристигнува на Pixel моделите, а во 2018 година и кај останатите уреди. Новата верзија на Android има поддршка за Neural Networks API, чија основна задача е да им овозможи на уредите со неврални чипови, можност за машинско учење. Новава технологија е всушност напредна интеракција со се што има било каква врска со вештачка интелигенција на смартфоните.

Освен новитетите, Oreo 8.1 има подобрена безбедност, ги поправа и баговите со оневозможување на отпечатоците на прсти, со кои неовластено се обидуваат злонамерниците да го отклучат уредот. Интересен е Android Oreo (Go Edition), кој е наменет за уреди со послаб хардвер. Оваа верзија на Android има Google Go, Google Assistant Go, YouTube Go, Google Maps Go, Gmail Go, Gboard Go, Google Play, Chrome, и Files Go апликации дизајнирани за користење на послаби уреди.

Google тврди дека апликациите ќе бидат побрзи за 15%, а интересно е што самиот Android Oreo (Go Edition) на уредот зазема два пати помал простор од класичната верзија. Повеќе за овие две изданија на Android може да прочитате на официјалниот Android блог.

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)
 


{}