До каде стигна iOS 11?

Објавено на 06.12.2017 во Новости



До каде стигна iOS 11?

Apple има целосна контрола над системски надградби благодарение на единствениот екосистем на хардверот и софтверот и зависи само од себе кога е во прашање испраќање на надградбите. 

Сепак, покрај достапноста на новите верзии на iOs голема улога имаат и самите корисници, особено тие со постари смартфони и таблети кои пред некоја нова надградба се мислат дали да ја прифатат и како истата ќе влијае врз перформансите на уредот.

Според последните податоци iOS 11 за околу 3 месеци достигнал бројка од 59% присуство кај сите Apple смартфони и таблети. Претходната верзија на iOs 10 ја користат 33% од уредите, па така има уште простор за напредок на новиот софтвер до крајните корисници.





 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)
 


{}