Ништо од рано пуштање на Galaxy S9

Објавено на 06.12.2017 во Новости



Ништо од рано пуштање на Galaxy S9

Samsung најверојатно ќе го прескокне саемот CES 2018 кој традиционално се одржува во јануари секоја година, односно нема да се реши за рано пуштање во продажба на претстојните премиум смартфони Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus.

Главната причина поради која постоеја претпоставки дека Samsung ќе побрза со пласманот на Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus е тоа што Apple во првиот квартал од 2018 година ќе ја има најголемата пратка на iPhone X смартфони кои ќе влезат во широка продажба, па така се очекуваше нова предвремена или гледано од друг аспект одложена битка меѓу двата огромни конкуренти.

Останува Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus најрано да ги чекаме за време на MWC 2018 саемот кој треба во февруари да се одржи во Барселона.





 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)
 


{}