Вработените децидни: Facebook има најдобри услови за работа!

Објавено на 07.12.2017 во Новости



Вработените децидни: Facebook има најдобри услови за работа!

Компанијата Glassdoor секоја година прави истражувања за најголемите компании - колку се задоволни вработените, работни услови, приходи и слично и објавуваат список со 100 компании со најзадоволни вработени. Во 2017 година доминираат 28 технолошки компании на врвот на списокот, како и секоја година.

Првото место на овој список и компанијата со најдобри работни услови е Facebook! Секоја година социјалната мрежа е прва на списокот, при што од 2011 година досега, дури пет пати е одбран со најдобра оценка. До оваа цифра Glassdoor дојде врз основа на информациите на вработените, со што најмалку илјада луѓе мора да учествуваат во истражувањата од секоја компанија, кои анонимно го пополнувале прашалникот на Glassdoor. 

После Facebook следува Google со најзадоволни вработени на петтото место, потоа HubSpot на седмо место, World Wide Technology на осмо место, и Ultimate Software на десеттото место. LinkedIn е на 21 место, NVIDIA на 24 место, Adobe е на 31 место, Microsoft 39, Yahoo на 65 место, додека Apple е на 84 место. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)
 


{}