Промени во раководството на Македонски телеком

Објавено на 07.12.2017 во Новости



Промени во раководството на Македонски телеком

Телекомуникацискиот оператор Македонски телеком доби нови раководство откако одборот на директори за генерален оперативен директор го назначи Горан Трајановски кој доаѓа на местото на претходно разрешениот директор Жарко Луковски, како и на привремениот директор Назим Буши. Исто така одлучено е Назим Буши да биде нов претседател на одборот на директори со мандат почнувајќи од 15. декември 2017 година.

Горан Трајановски е кадар на владејачката партија кој беше член на Комисијата за информатичко општество. Претходно додека Оливер Спасовски беше технички министер за внатрешни работи му беше советник за телекомуникации и информатика.

Во одборот на Телеком влегоа и Сашо Велески за Неизвршен член, Анета Симеска Димоска за Неизвршен член, потоа Замир Мемети кој е Неизвршен Независен член на одборот и Дивна Јовковска - Ефтимоска за Независен Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото. 

 





 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)
 


{}