Huawei во водство на големиот кинески пазар

Објавено на 07.12.2017 во Новости



Huawei во водство на големиот кинески пазар

Huawei е еден од ретките кинески брендови кој прво оствари меѓународен успех, па потоа својата понуда ја насочи и кон домашниот пазар. Таа стратегија се покажа како успешна со тоа што неколку месеци по ред Huawei има најдобра продажба на исклучително важниот и пред се огромен кинески пазар.

За периодот август-октомври 2017 година Huawei е водечки бренд во Кина со најголема продажба која се одвива преку операторите и физичките продавници, а исто така се зголемува и продажбата преку онлајн каналите каде претходно доминираше Xiaomi.

Huawei ja предводи големата петорка заедно со Xiaomi, Oppo и Vivo, додека пак Apple е на петтото место со поголем пад на продажбата поради доцнењето на iPhone X и слабиот интерес за iPhone 8 моделите.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}