Добри вести за сопствениците на Android Wear часовници

Објавено на 07.12.2017 во Новости



Добри вести за сопствениците на Android Wear часовници

Сопствениците на Android Wear смарт часовници ќе бидат „почастени“ од страна на Google со нова и квалитетна софтверска надградба која ќе се базира на новитетите на Android 8.0 Oreo оперативниот систем.

Во подобрувањата за Android Wear со Android 8.0 Oreo се вклучени подобри нотификации со вибрации, заклучување на уредот со допир додека врне, поддршка за нови светски јазици, подобра заштеда на батерија и уште неколку помали измени во позадината на системот.

Надградбата за Android Wear смарт часовниците со Android 8.0 Oreo стартува уште денес па така брзо ќе стигне до крајните корисници во текот на декември. 





 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)
 


{}