VLC целосно подготвен за екранот на iPhone X

Објавено на 10.12.2017 во Новости



VLC целосно подготвен за екранот на iPhone X

VLC групацијата лансираше нова мобилна апликација за iOs која е целосно подготвена за  употреба на екранот на iPhone X кој има иновативен размер од 18:9 како и мал засек на врвот. Издолжената слика на дисплејот овозможува поинаков приказ на 2K HD+ содржините, па така сега со VLC плеерот ќе може да гледате беспрекорни видеа или филмови.

Во надградбата на VLC за iPhone X е вклучена и поддршка за High Efficiency Video Coding што ќе овозможи уште подобра слика, а вклучени се и повеќе поправки на грешки во претходната верзија. VLC може да се преземе од следниот линк





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}