Android: Нема повеќе неовластено собирање на корисничките податоци

Објавено на 11.12.2017 во Android



Android: Нема повеќе неовластено собирање на корисничките податоци

Без разлика на тоа што Google жестоко се бори против апликациите што ги собираат личните податоци на корисниците, сепак ги има во милионски број и тешко е да се отстранат целосно. Google сега воведува дополнителни правила за програмери на Android апликации под името "Unwanted Software Policy for Android devices". 

Како што најавуваат, од следната година, секој корисник на Android ќе добие предупредување ако се забележи неовластено ракување со неговите доверливи податоци (корисничко име, број на мобилен телефон или e-mail адреса). Google истакнува дека повеќето злонамерни апликации имаат една или повеќе основни карактеристики. Најчесто се спакувани во пакет и нивната присутност не се истакнува. Се собираат и испраќаат личните податоци на корисниците без нивно знаење и тешко е да се отстранат. Предизвикуваат проблеми на уредот, на којшто се инсталирани. Ветуваат нешто што не пружаат.

Секоја апликација ќе мора да ги извести корисниците за начинот на кој ги собира и користи доверливите податоци на своите корисници. Освен тоа, корисникот сам ќе мора да одобри користење и собирање на податоци што не се директно поврзани со функционалноста на апликацијата, а авторите на апликациите ќе мора да објаснат за што конкретно ќе ги користат истите податоци.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}