Google Chrome 63: Еве што има новиот прелистувач

Објавено на 12.12.2017 во Новости



Google Chrome 63: Еве што има новиот прелистувач

Google Chrome е уште најпопуларен интернет прелистувач на светот и како таков непишана обврска дека постојано ќе креира нови функции и нови верзии. Google сега ја пушти новата верзија Google Chrome 63, кога е достапна за сите Windows и macOS корисници, како и некои верзии на Linux. 

Google Chrome има подобрена безбедност, со акцент за понапредните корисници, при што веб девелоперите добија можност да ги користат најнапредните CSS манипулации во самиот Chrome. Една од најважните промени во CSS е таканаречената “Site isolation”, која со едноставен речник им ги отвара сите можности за надзор и ограничување на корисниците, поврзани со покренатите процеси во веб-прелистувачот. Отсега ќе можете прецизно и детално да конфигурирате на кој начин Google Chrome ќе извршува поединечни процеси, кои ќе можете и да ги изолирате, исто како самото име на новата функција. Повеќе за новитетите на Google Chrome може да прочитате на официјалниот блог.





 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}