iPhone X го отклучила нејзината колешка преку Face ID

Објавено на 16.12.2017 во Новости



iPhone X го отклучила нејзината колешка преку Face ID

Освен дизајнот со екранот од раб-до-раб, како и тенките рамки, Face ID е една од најинтригантните алатки на десеттиот јубилеен модел. Сепак, жена во Кина идентификувана со името Јан, имала невкусно искуство со Face ID.

Имено, Јан купила iPhone X и го воспоставила системот за препознавање на лице со снимање на своето лице. Колку за проверка Јан го дала својот телефон на колешката со цел да го провери системот за препознавање на лице. Колешката на Јан го отклучувала телефонот кога и да го ставела пред лицето.

Жената веднаш заминала со смартфонот до најблиската Apple Store и демонстрирала на лице место како колешката го отклучува телефонот преку Face ID. Вработените во Apple утврдиле дека iPhone X не функционирал како што треба поради проблеми со неговата TrueDepth Camera. Компанијата ги рефондирала парите веднаш за iPhone X, па таа по втор пат си купила ист модел.

Вториот телефон исто така го отклучувала колешката на Јан, па Apple Store по втор пат ги рефондирал парите, но немаме информации дали си купила iPhone X по трет пат. Очигледно проблемот е со TrueDepth Camera и сега ја знаеме дијагнозата, а Apple се уште нема коментар за јавноста поврзана со овој Face ID случај.

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}