Samsung одлично се справува со iPhone X, нема да брза со Galaxy S9

Објавено на 16.12.2017 во Новости



Samsung одлично се справува со iPhone X, нема да брза со Galaxy S9

Samsung Mobile одлично се справува со супер смартфонот iPhone X на најголемиот конкурент Apple и продажбата на Galaxy S8 и Galaxy Note 8 оди во нагорна линија па така компанијата не чуствува голем притисок да преземе брз потег за да изведе „контра“ акција.

Samsung затоа и нема да се брза со лансирањето на смартфоните од следната генерација на Samsung Galaxy S9 кои доколку се покажеше дека iPhone X е огромна закана според атмосферата кај фановите кои се загреваше сигурно ќе следеше нешто порано во текот на јануари на CES 2018 во Лас Вегас за продажбата да стартува во февруари.

Затоа најверојатно Samsung Galaxy S9 ќе бидат првично најавени во февруари следната година на MWC 2018 во Барселона, а продажбата без поголеми притисоци би започнала во текот на март.





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}