Google става крај на Project Tango

Објавено на 17.12.2017 во Новости



Google става крај на Project Tango

Google става крај на уште еден хардверски проект кој подолго време не доживеа никаков технолошки напредок. Станува збор за Project Tango при што се развиваше смартфон со четири камери и различни сензори за 3D мапирање на внатрешноста на објекти и скенирање. 

Project Tango доби само еден комерцијален продукт преку Lenovo Phab 2 Pro, но не доби голем оддек во јавноста, ниту пак кај поголема група на програмери и девелопери. Проектот за AR приказ на конструкција, објекти и простории ќе продолжи да се развива лреку софтверски начин, а не хардверски.

Сите досегашни достигнувања на Project Tango ќе преминат во ARCore проектот кој со доволен развој ќе пренесе дел од елементите во Android 8.1 Oreo или други оперативни системи.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}